Македонија Премиерот Димитриев е против одложување на изборите

Премиерот Димитриев е против одложување на изборите

Премиерот на преодната влада, Емил Димитриев, изјави дека нема основа за одложување на предвремените парламентарни избори и дека тие ќе се одржат на 24 април.

Ова Димитриев го изјави при посетата на новата здравствена установа „Пет центар“, каде беше придружуван од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и од министерот за здравство, Никола Тодоров.

Димитриев рече дека во овој момент нема потреба од лидерска средба.

– Сега во моментов не ценам дека има некоја потреба за лидерска средба, бидејќи ние како политички партии имаме секојдневна комуникација и денеска тимовите разговараат по отворените прашања. Ако цениме дека има потреба од таква лидерска средба, ќе ја направиме – изјави Димитриев.

Според премиерот, ниту еден лидер на политичка партија не го попречил работењето на Специјалното јавно обвинителство и додаде дека Владата овозможила сè што е потребно за функционирање на институцијата.