Македонија Прекин на гласањето на избирачко место во Аеродром, на гласач му недостигало...

Прекин на гласањето на избирачко место во Аеродром, на гласач му недостигало едно ливче

Во општина Аеродром на избирачкото место 2686, во детската градинка на улица Коста Новаковиќ, гласањето е во прекин откако интервенирала полиција поради гласач на кој му недостигало избирачко ливче.

Од изборната комисија му биле дадени четири избирачки ливчиња, а при внесувањето на ливчињата во избирачките кутии, гласачот имал само три ливчиња, по што било утврдено дека му недостига ливчето за советничката листа за Аеродром.

По реакција на изборната комисија, полицијата го прекинала гласањето, а гласачот е задржан во избирачкото место.