Македонија Заев: Не знам кога би продолжиле разговорите со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел

Заев: Не знам кога би продолжиле разговорите со ВМРО-ДПМНЕ во Брисел

Досега немаме информации кога би продолжиле разговорите или преговорите, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев на прашањето на „Мета“ дали и кога Ќе има трета рунда преговори во Брисел.

– Немаме информација, знаете дека присутни сме на преговорите и покрај тоа што сме слушани телефонски и снимани видео, и покрај целото минато, ние сме за ново воспотавување дијалог, сепак оставаме за таквите информации да информиаат претставниците од ЕУ – рече Заев.

Веќе две недели нема никава информација ниту, пак, најава за трета средба за преговорите меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ што се одржуваат во Брисел.

Иако на втората, последна средба, во кусо соопштение беше објавено дека ќе се одржи трета рунда преговори, речиси три недели нема никаква информација за нов датум за преговори.

Радмила Шекеринска, која е дел од преговарачкиот тим на СДСМ, вели дека преговорите не се официјално откажани.

– Засега нема планови за нова средба, но преговорите не се официјално откажани – изјави Шекеринска за „Мета“.
Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ не одговараат на телефонските повици.