Македонија Предлог-законот за јавно обвинителство помина на Влада, во Собрание ќе се усвојува...

Предлог-законот за јавно обвинителство помина на Влада, во Собрание ќе се усвојува по скратена постапка

Владата на вчерашната 146. седница, со која претседаваше премиерот Зоран Заев, го усвои новиот текст на предлог – законот за Јавното обвинителство и е донесена одлука да биде испратен на усвојување во Собранието со европско знаме и во скратена постапка.

„Министерството за правда предложи, а Владата прифати во собраниска постапка да биде пуштен и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители заради терминолошко усогласување со предлог-законот за Јавно обвинителство“, велат од Влада.