Економија Предлог-буџетот за Собранието, 813 милиони денари

Предлог-буџетот за Собранието, 813 милиони денари

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија денеска го усвои буџетското предлог-барање за 2016 година, според кое проектираните средства што му се потребни на Собранието за следната година се на ниво од 813.130.000 денари.

Раководителката на секторот за финансии во Собранието, Богданка Поповска, образложи дека проектираните средства се повисоки за 22,3 проценти споредено со средствата што ги имале на располагање во 2015 година.

За редовно функционирање на Собранието, односно за плати и за надоместоци за вработените, се планирани 299.890.000 денари, а за патните трошоци и за учество на седници – 80 милиони денари. За канцелариите за контакт со граѓаните треба да бидат издвоени 12.600.000 денари, за доградба на собраниската зграда планирани се 220.162.000 денари, додека за оградата на објектот – 15 милиони денари.