Македонија Пред Владата и денеска се бараа оставки

Пред Владата и денеска се бараа оставки

Голем број граѓани и денеска се собраа пред Владата за да го изразат својот револт. Со исвиркување и со транспаренти, тие побараа оставка на Владата, ослободување на притворените активисти и формирање преодна или техничка влада.

– Ако до вчера бевме движење „Стоп за полициска бруталност“, сега сме движење за барање оставка од Владата која дозволи да загинат осум луѓе и никој да не понесе одговорност – рекоа тие и од Владата се упатија кон Собранието.

.