Македонија Новиот состав на Антикорупциска утре пред пратениците

Новиот состав на Антикорупциска утре пред пратениците

Пратениците на утрешната 43. собраниска седница ќе одлучуваат по предлог-одлуката за именување на членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата кои беа предложени од Собраниската комисија за прашања на изборите и именувањата.

За членови на Државната комисија за спречување на корупцијата предложени се Горан Миленков, адвокат од Скопје, Игор Тантуровски, дипломиран економист од Скопје, Најдо Спасевски, адвокат од Скопје, Сузана Таскова-Аџикотарева, дипломиран правник и магистер по казнено право од Скопје, Жаклина Данчевска, дипломиран правник, и магистер по деловно право од Прилеп, како и актуелните Сеиди Халили, дипломиран економист од Тетово, и Фарије Алиу, дипломиран економист и доктор на економски науки од Гостивар.