Македонија Православните верници слават Богојавление – Водици

Православните верници слават Богојавление – Водици

Големиот христијански празник Богојавление – Водици денеска се одбележува во Македонија со традиционално фаќање на богојавленскиот крст. Овој ден се празнува уште од вториот век, а е поврзан со крштевањето на Исус Христос во водите на реката Јордан, кое го врши свети Јован Крстител.

Според верските верувања, оној кој денеска ќе го фати светиот крст, ќе има среќна, бериќетна и благословена година.
Најмасовно фрлање по светиот крст и годинава се очекува да биде во Скопје и во Охрид. Централната манифестација во Скопје ќе се одржи напладне, а архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе го фрли крстот во реката Вардар од мостот Слобода.