Главна секција Православните верници го празнуваат Велигден

Православните верници го празнуваат Велигден

Фото: Арбнора Мемети, Мета.мк

Православните верници во земјава и во светот денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Велигден.

Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква. На крајот наВоскресенските богослужби, верниците што постеа во текот на Великиот пост, се поздравуваа со „Христос воскресна – навистина воскресна“ и се кршеа во црвените јајца.

За разлика од минатата година, кога беше воведен полициски час поради пандемијата на ковид-19, годинава тоа не беше случај и верниците можеа да присуствуваат на богослужбите. МПЦ-ОА во повеќе наврати апелираше да се почитуваат мерките на претпазливост при учество во службите во храмовите.