Македонија Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок

Православните христијани денеска го одбележуваат Велики петок

Денеска православните христијани го одбележуваат Велики петок, денот на најстрогиот пост, кој уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос.

Поради тоа овој ден се смета за најтежок празник во христијанската религија. Велики петок, наспроти вообичаеното одбележување на верските празници со свети литургии и со принесување на таканаречената бескрвна жртва, се празнува со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји.

Според преданието, Христос починал на крст во „шестиот час на денот, а завесата на ерусалимскиот храм во истиот тој час се преполовила, сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробови, а сите ѕвона се распукале“. Оттогаш, на Велики петок бијат дрвени ѕвона, односно клепала, а камбаните не ѕвонат до недела, кога првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.