Македонија Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го осудија „нападот“ на Амди Бајрам

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го осудија „нападот“ на Амди Бајрам

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кој, како што велат, бил нападнат пратеникот Амди Бајрам од член на СДСМ.

„Како пратеници и колеги, нагласуваме дека остро се спротиставуваме на каков било вид на насилство или насилничко однесување врз пратеници или врз кои било други граѓани. Насилство, навреди и закани кон пратениците е веќе видено и добро познато сценарио препознатливо за СДСМ, сценарио кое докажува како СДСМ ја замислува демократијата, односно систем во кој ним им е дозволено да се закануваат со насилство, да омаловажуваат и физички да се пресметуваат со сите што не мислат како нив“, велат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.