Македонија Пратениците ќе расправаат за Законот за лични карти

Пратениците ќе расправаат за Законот за лични карти

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 39. седница, на која меѓу другото ќе се разгледувува предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта во прво читање и предлог-одлуката за одобрување на финансискиот план на Македонската радио-телевизија за 2015 година.

На дневен ред пред пратениците ќе бидат и предлог-закон за изменување на Законот за градежно земјиште во второ читање и предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за продажба и давање под закуп на деловните згради и деловните простории на Република Македонија во прво читање.

Пратениците треба да расправаат и за предлог-одлука за објавување на јавен оглас за именување на член на Комисијата за заштита на конкуренцијата, предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за царинската тарифа, предлог-закон за дополнување на Законот за иновациската дејност, како и дополнет предлог-закон за изменување на Законот за шумите, сите во второ читање.

Собранието треба да ги разгледа и дополнетиот предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за електронските комуникации, дополнетиот предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за животната средина, предлог-законот за изменување и за дополнување на Законот за комуналните дејности, во второ читање.