Македонија Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Познати добитниците на државната награда „Св. Климент Охридски“

Дефектологот Горан Ајдински и теологот Ратомир Гроздановски се добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“ во областа на воспитанието и образованието.

Во областа на културата и уметноста, наградата му се доделува на Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист.

Педијатарот Аспазија Софијанова, пак, ја доби наградата „Св. Климент Охридски“ во областа на здравството.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 8 декември во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.