Македонија Пожарот над Вешала сѐ уште активен, се бара да се гасне и...

Пожарот над Вешала сѐ уште активен, се бара да се гасне и од воздух

Пожарот бил подметнат вчера, како подготвка за сеидба на обработлива површина и е раширен на непристапен терен каде гори ниска вегетација, папрат на површина од два до три километри, а зафатил и дел од букова шума

Фото; ЦУК

Два крака од пожарот над селото Вешала во Општината Тетово се изгаснати, а третиот сѐ уште е активен, информираат денеска од Центарот за управување со кризи. Пожарот бил подметнат вчера, како подготвка за сеидба на обработлива површина и е раширен на непристапен терен каде гори ниска вегетација, папрат на површина од два до три километри, а зафатил и дел од букова шума.

Како што информираше ЦУК, за за негово гаснење била побарана и воздушна поддршка, бидејќи со засилување на топлиот ветер почнал да се шири кон букова шума. Вчера и утрово го гаснеле десетмина ренџери од Националниот парк „Шар Планина“со грбни прскалки.

Од ЦУК апелираат да не се пали вегетација на отворено, а локалните одводни канали редовно да се чистат и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.