Македонија Пожар во Кисела Вода покрај железничките пруги

Пожар во Кисела Вода покрај железничките пруги

Пожарот, кој горел во Кисела Вода и во Аеродром, е локализиран

Фото: Центар за управување со кризи

Избил пожар на отворено по железничките пруги во Скопје, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Пожарот е во Кисела Вода и Аеродром, зад средното козметичко училиште „Димитар Влахов“, кај Алкалоид „Билка“.

Фото: Центар за управување со кризи

На терен се служби од ЦУК, Противпожарната бригада, полицијата, како и жителите на куќите кои се наоѓаат таму.

Пожарот е локализиран.

Фото: Центар за управување со кризи