Македонија Повеќе закони на денешната 67. седница на Собранието

Повеќе закони на денешната 67. седница на Собранието

Собранието на Република Мкаедонија денеска треба да ја продолжи 67. седница. На дневен ред на седницата, меѓу другите, се предлог-законите за изменување и за дополнување на законите за катастар на недвижности, за процена, за медијација, за вештачење, за Академијата за судии и јавни обвинители, за постапување по претставки и по предлози и за електронско управување, сите во прво читање.

Пратениците во рамки на оваа седница треба да ги разгледаат и законите за изменување и за дополнување на законите за заштита на децата, за безбедност и здравје при работа, за социјалната заштита, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и на отворен граѓански универзитет за доживотно учење, за Академијата за наставници…, исто така, во прво читање.

Македонското Собрание треба да расправа и по неколку законски предлог-решенија поднесени од пратениците од опозициските партии, како и за предлог-законот за извршување на буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.