Македонија Повеќе закони на 25. седница на Собранието

Повеќе закони на 25. седница на Собранието

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи 25. седница, на чиј дневен ред се предлог-законите за изменување и за дополнување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, Законот за заштита на културното наследство, Законот за контрола на извоз на стоки и на технологии со двојна употреба, Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за Централен регистар, Законот за домување, Законот за угостителска дејност и Кривичниот законик, сите во прво читање.

Собранието ќе расправа по предлог-законите за издавачка дејност, за одредување на видот и за одмерување на висината на казната, за просторно и урбанистичко планирање и за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност, сите во прво читање.