Македонија Повеќе од 350 пријави за штета поднесени во осигурителните компании

Повеќе од 350 пријави за штета поднесени во осигурителните компании

Повеќе од 350 пријави за штети во висина од 300 илјади евра досега прситигнале во осигурителните компании. 

Како што соопштуваат од компаниите, 320 пријави се однесуваат на оштетен имот, а 30 за автомобили и други моторни возила. Според досега пристигнатите пријави, повеќето се поднесени од граѓани, а 70 пријави се поднесени од компаниите.

Околу 420 фирми од Сингелиќ се пожалиле дека им се уништени стоки од увоз вредни и до 15 милиони евра, но засега немаат поднесено пријава до осигурителните компании за оштета.

Осигурителните компании очекуваат бројката на пријавени штети да расте во наредниот период.