Економија Повеќе од 26 проценти од работниците во компаниите се непријавени

Повеќе од 26 проценти од работниците во компаниите се непријавени

Повеќе од 26 проценти од работниците што работат во компаниите се непријавени. Најмногу ги има во секторите земјоделство, градежништво, транспорт, хотели, ресторани, трговија и услуги, претежно во мали и во средни бизниси.

Ова беше истакнато денеска на потпишувањето на Меморандумот меѓу претставници на Државниот инспекторат за труд, Организацијата на работодавци, Бизнис-конфедерацијата, Сојузот на синдикати на Македонија и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, при што ќе се преземат координирани активности и мерки за намалување на непријавената работа.

Непријавената работа во Македонија се движи меѓу 20 и 35 проценти од домашниот бруто-производ. Најчесто се непријавени студентите, пензионерите и сезонските работници.