Свет Повеќе од 100 странци починале во мигрантските центри во Малезија

Повеќе од 100 странци починале во мигрантските центри во Малезија

Повеќе од 100 странци починале од разни болести и од непознати причини, во изминатите две години во мигрантските центри за притвор, покажуваат податоците на малезиската Национална комисија за заштита на човековите права.

Во текот на 2015 година се забележани 83 смртни случаи, додека во текот на 2016 година, завршно до 20 декември, починале 35 лица.

Повеќе од половина од починатите се од Мјанмар, муслимани кои од земјата бегаат од властите и од мнозинското будистичко население.