Македонија Потписниците на Повелбата за солидарност го поддржуваат штрајкот на судските работници

Потписниците на Повелбата за солидарност го поддржуваат штрајкот на судските работници

Потписниците на Повелбата за солидарност даваат целосна поддршка на штрајкот на вработените во судската администрација организиран од страна на Синдикатот на вработените во управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) и Здружението на судска администрација.

Во соопштението кое го испратија до медиумите пишува дека со штрајкот вработените го искажуваат своето незадоволство од игнорантскиот однос на Министерството за правда и Судскиот буџетски совет кон барањата содржани во предлог-спогодбата што им беше доставена од страна УПОЗ.

„Во предлог-спогодбата меѓу другото е содржано и барањето на штрајкувачите за добивање додатоци на плата од 35 отсто, како што тоа го добиле судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници, со што би се отстранила евидентната дискриминација на судските службеници во однос на судиите и јавнообвинителските службеници. Исто така, потписниците на Повелбата за солидарност најостро ги осудуваат притисоците врз штрајкувачите, а пред сè изготвувањето списоци на вработени кои штрајкуваат со намера да се заплашат вработените, да се разбие единството штрајкувачите со цел штрајкот да запре“, пишува во соопштението.