Технологија Гаџети Постхумно му се припишани уште 141 патент на Стив Џобс

Постхумно му се припишани уште 141 патент на Стив Џобс

Наследството на Стив Џобс продолжува да се зголемува и по неговата смрт. За нешто повеќе од три години, откако почина човекот кој ја основаше компанијата „Епл“, на негово име се допишани уште 141 патент.

Вкупниот број на патенти што се водат на името Стив Џобс сега изнесува 458, што значи дека една третина од патентите Џобс ги добил постхумно.

Првиот патент Џобс го добил во 1983 година, а се однесуваше на персоналните компјутери. Еден од последните патенти е поврзан со импресивната стаклена коцка, односно продавницата на „Епл“ на Менхетн.

Повеќето од новите патенти што му се доделени на Стив Џобс се, пред сè, поврзани со дизајнот.