Македонија Поставени нови велисипедски паркиралишта во повеќе средни училишта во Скопје

Поставени нови велисипедски паркиралишта во повеќе средни училишта во Скопје

Град Скопје, во рамките на проектот „Младите на велосипед“, деновиве во повеќе скопски средни училишта постави нови паркиралишта за велосипед.

Како што соопштуваат од Град Скопје, станува збор за проект со кој во средните училишта „Раде Јовчевски – Корчагин“, „Орце Николов“ и „Михајло Пупин“ се поставија паркиралишта за 10 велосипеди.

Во рамките на проектот „Младите на велосипед“, покрај поставувањето на новите паркирачки рампи за велосипед, учениците од средното училиште „Орце Николов“ имаа можност да дискутираат со претставници на Координативното тело за велосипедска инфраструктура на Град Скопје и со претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќај и патишта. Целта на дискусијата беше да се подигне свеста на младите велосипедисти и останатите учесници во сообраќајот за нивната безбедност и да се воспостави соработка со соодветни институции и државни тела кои имаат влијание во креирање на законот за безбедност во сообраќајот.