Македонија Поставен камен-темелник на нова полициска станица во Јегуновце

Поставен камен-темелник на нова полициска станица во Јегуновце

Денеска во Јагуновце, министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, заедно со заменик-министерот за внатрешни работи, Земри Ќамили, и со државната секретарка во МВР, Анастасија Илиеска, присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на новиот објект на Полициското одделение во Јeгуновце.

Новиот објект на ПО Јегуновце, лоциран во кругот на истоимената општина, ќе биде со вкупна површина од 450 квадратни метри, од кои 211 метри квадратни во приземје и 238 квадратни метри на кат, а неговата вредност изнесува 19.311.500 денари (со вклучен ДДВ).