Македонија Посебен сообраќаен режим денеска во центарот на Скопје

Посебен сообраќаен режим денеска во центарот на Скопје

Посебниот сообраќаен режим ќе се воведе поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ

Фото: Мета.мк

Поради официјална посета на претседателот на Владата на Република Србија Милош Вучевиќ, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје денес ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на поширокото централно подрачје на град Скопје.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Пречекот на Вучевиќ во Владата е во 10 часот.