Свет Портпаролот на ИД повикува да продолжат нападите на Западот

Портпаролот на ИД повикува да продолжат нападите на Западот

Портпаролот на Исламска држава ги повика муслиманите што живеат во западните земји да изведат уште напади и истакна дека секој кој има можност да „пролее капка крв“, треба да го направи тоа.

Во објавениот аудиозапис, Абу Мохамед ал-Аднани ги поздрави неодамнешните напади во Австралија, Белгија и во Франција. Тој, исто така, го пофали вооружениот напаѓач, кој во октомври минатата година уби војник и потоа упадна во парламетот во Канада, поради што беше убиен од обезбедувањето.

Ал-Аднани се осврна и на минатонеделната смрт на саудискиот крал Абдулах, подвлекувајќи дека „муслиманите се среќни поради смртта на тиранинот од полуостровот“.