Свет Свет Порошенко: Украина сака членство во НАТО

Порошенко: Украина сака членство во НАТО

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека владата е подготвена да ја смени „криминалната“ политика поради која земјата останала надвор од НАТО.

Порошенко, кој претседавал со Советот за национална безбедност, заедно со главниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека Украинците на референдум ќе одлучуваат за влезот во НАТО.

Столтенберг рече дека „Украина може да се потпре на НАТО“ и оти „НАТО ѝ пружа политичка и практична поддршка“. Тој ја пофали владата во Киев за почитување на мировниот договор од Минск и ги повика Москва и бунтовниците да го почитуваат договорот.

Украинскиот претседател рече дека можеби следната недела со светските лидери на Генералното собрание на ОН ќе разговара за испраќање мировни сили на истокот на Украина.