Свет Европа Порошенко: Украина е во вистинска војна со Русија

Порошенко: Украина е во вистинска војна со Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека Украина е во „вистинска војна“ со Русија и оти Украинците треба да бидат подготвени за руска офанзива.

Во интервју за „Би-Би-Си“, Порошенко рече дека не му верува на неговиот руски колега Владимир Путин, но оти нема друга опција освен да преговара со него.

– Ова е навистина војна со Русија. Тоа не е конфликт со проруските сили – рече Порошенко, додавајќи дека во прилог на ова е и фактот што украинските сили заробиле припадници на руските воени сили.