Свет Свет Порошенко: САД ќе ѝ испратат ново оружје на Украина

Порошенко: САД ќе ѝ испратат ново оружје на Украина

САД ветиле дека ќе ја снабдат Украина со ново оружје, потврди украинскиот претседател Петро Порошенко.

– Додека бев во Њујорк, трипати се сретнав со американскиот претседател Барак Обама, пред и по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и по разговорите со американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Рече дека потпишал документ за снабдување на Украина со ново оружје – рече Порошенко и додаде дека на Украина оружјето ѝ е „неопходно како воздух“.

Порошенко наведе дека Украина се надева дека до 15 октомври ќе ѝ биде одобрен статусот на непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите народи.