Свет Европа Порошенко: Немирите на истокот дневно ја чинат Украина по пет милиони долари

Порошенко: Немирите на истокот дневно ја чинат Украина по пет милиони долари

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека судирите на истокот на Украина дневно ја чинат земјата околу пет милиони долари, кои би можеле да бидат вложени во развој.

Говорејќи пред Генералното собрание на ОН, тој истакна дека земјата, како последица на борбите меѓу владините и проруските сили, губи една петтина од економскиот потенцијал на земјата.

Судирите на истокот на Украина влијаат на порастот на сиромаштијата кај илјадници лица, рече украинскиот претседател.

Порошенко ја обвини Русија дека го спречува напредувањето на Украина. За време на неговиот говор, руската делегација во знак на протест ја напушти седницата.