Македонија Порака од „Ајде“: Не даваме безрезервна поддршка на обвинителката

Порака од „Ајде“: Не даваме безрезервна поддршка на обвинителката

Платформата за граѓанска политика „Ајде“ од 18 часот пред Собранието на Република Македонија го почна настанот за поддршка на специјалниот јавен обвинител.

Оттаму велат дека граѓаните на Република Македонија целосно се посветени и истрајни во битката за правда, слобода и за демократија, а тоа треба да му биде јасно на специјалниот јавен обвинител.

– Многу тешка задача има специјалната јавна обвинителка. Ќе треба да се справи со сите криминали за кои слушнавме во „бомбите“. Ние, како граѓанска платформа, не даваме безрезервна поддршка, туку само ако има резултати. Ако има опструкции, притисоци или некој не си ја работи работата како што треба во специјалното јавно обвинителство, ние повторно ќе се бунтуваме. Од ова зависи иднината на нашата држава – велат од „АЈДЕ“.