Македонија Поради времето, укинати возовите за Кичево и за Битола

Поради времето, укинати возовите за Кичево и за Битола

Од утре привремено ќе бидат укинати возовите број 541/540 на релација Скопје – Битола – Скопје и 660/663 на релација Скопје – Кичево – Скопје поради лошите временски услови и ниската температура.

Како што соопшти МЖ „Транспорт АД – Скопје“, двата наведени воза нема да сообраќаат сè додека не се создадат услови за нивно повторно воведување во редовниот железнички сообраќај.