Свет Европа Поради нападот во Канада, затворени четири џамии во Холандија

Поради нападот во Канада, затворени четири џамии во Холандија

Четири големи џамии во Холандија се привремено затворени од безбедносни причини, по вооружениот напад што се случи во џамија во Канада.

Ваквата одлука била донесена на итен состанок на официјални лица од четирите големи џамии, по нападот што се случи во Квебек.

На состанокот било одлучено дека поради загриженост за безбедноста, верниците нема да можат да ги извршуваат молитвите во џамиите во Амстердам, Ротердам, Хаг и во Утрехт, каде мнозинството посетители се државјани на Мароко.

Во заедничкото соопштение од состанокот се наведува дека надлежните од џамиите се свесни дека тие објекти треба да им бидат отворени на верниците, но дека сепак морале да донесат ваква радикална одлука.

Во вооружениот напад во Квебек тројца напаѓачи усмртија шест лица, а ранија осум.