Македонија Поради ладното време, од утре повторно парно во Скопје

Поради ладното време, од утре повторно парно во Скопје

ЕСМ Скопје најави дека се создадени услови за продолжување на грејната сезона, односно утре е предвидена е средна дневна температура од 11 степени

Фото: ri на Pixabay

Грејната сезона во Скопје од утре ќе продолжи поради временските услови, соопшти ЕСМ.

Од таму информираа дека се создадени услови за продолжување на грејната сезона, односно предвидена е средна дневна температура од 11 Целзиусови степени во текот на утрешниот ден.

Снабдувањето со топлинска енергија по правило се врши до 15 април, но грејната сезона може да биде продолжена до 30 април во зависност од временските услови.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на РСМ секојдневно по 15 април носи одлука за испораката на топлинска енергија, во зависност од тоа дали средната температура ќе падне под 12 степени Целзиусови.