Македонија Попоски: Потребно ни е решение на политичката криза

Попоски: Потребно ни е решение на политичката криза

Потребно ни е решение на политичката криза, пред сè, заради нас, за да не мора македонските граѓани и економијата да плаќаат непотребно и е во интерес на сите да ја избегнеме, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

Според него, препораката за почеток на преговорите со ЕУ е одлука која има политичка тежина и која ќе зависи од два аспекта – реформите и политичката криза.