Македонија Попоски на состанок на ЦЕИ во Бања Лука

Попоски на состанок на ЦЕИ во Бања Лука

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска во Бања Лука ќе учествува на состанокот на шефовите на дипломатијата на земјите членки на Централноевропската иницијатива. Попоски, на покана на министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Игор Црнадак, ќе претседава со состанокот.

Како што соопшти МНР, министрите на состанокот ќе разговараат за актуелните односи и случувања во регионот и пошироко, иницијативите и проектите за унапредување на регионалната соработка и на добрососедството во светло на процесите на европска интеграција, како и за предизвиците поврзани со актуелната мигрантско-бегалска криза.