Македонија Попоски и Фрај разговарале за изборите, регионалната соработка и за мигрантската криза

Попоски и Фрај разговарале за изборите, регионалната соработка и за мигрантската криза

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска се сретна со Торстен Фрај, пратеникот во германскиот Бундестаг од редовите на владејачката ЦДУ и главен известувач на пратеничката група на оваа партија за Македонија.

„Попоски и Фрај разговараа за прашања поврзани со билатералните односи меѓу двете земји, европските перспективи на нашата земја, претстојните избори, како и за регионалната соработка. Главен фокус беше ставен на економските политики, со акцент на успехот во привлекувањето странски инвестиции. Исто така, беше нагласена особено важната улога на Германија и нејзината поддршка во спроведувањето на потребните реформи за реализација на македонските стратешки приоритети“, информираат од МНР.

Покрај тоа, соговорниците разговарале и за мигрантската криза, а од германската страна Македонија била оценета како одговорен европски партнер во справувањето со кризата.