Свет Поплавите во Кина усмртија 66 лица

Поплавите во Кина усмртија 66 лица

Најмалку 66 лица загинаа, а десетина се водат за исчезнати откако поројните дождови предизвикаа поплави и бројни свлечишта во јужните и во југозападните делови на Кина, објавија кинеските медиуми.

Повеќе од 95.000 лица се евакуирани. Министерството за цивилни прашања објави дека 5.200 куќи се урнати, а повеќе од 74.000 објекти се оштетени во подрачјата кои се погодени со поплави и со свлечишта.

Материјалната штета се проценува на најмалку 800 милиони долари, соопшти министерството.