Македонија Поплавен рудник во Русија, се евакуираат 150 лица

Поплавен рудник во Русија, се евакуираат 150 лица

Рудникот Мир во рускиот град Мирни е поплавен, а во тек е евакуација на околу 150 лица, јавуваат руските медиуми.

– Околу 150 лица се наоѓаат во рудникот. Во тек е евакуација – соопшти министерството за вонредни состојби.

Ова е втор инцидент во последната недела во рудникот Мир, со кој раководи компанијата „Алроса“.

Едно лице загина на 29 јули, откако одрон ја затрупа машината за товарање.