Македонија Попис на зеленилото и негова заштита, вети Богоев во Карпош

Попис на зеленилото и негова заштита, вети Богоев во Карпош

Додека граѓаните на Карпош дишат опасен воздух кој и не е доволно испитан, локалната власт, предводена од Стефчо Јакимовски и од ВМРО-ДПМНЕ, со години го игнорира овој огромен проблем во општината, изјави денеска пратеникот на СДСМ, Стефан Богоев, и кандидат за градоначалник на општината.

– Граѓаните на Карпош се оставени сами на себе да се борат против загадувањето и сами да ги лоцираат и да ги пријавуваат загадувачите, без никаква помош од локалната власт. Состојбата со енормното загадување е алармантна. Загадениот воздух без исклучок е закана по здравјето на сите граѓани што живеат и работат на територијата на општината. Затоа, по победата на изборите, планираме попис на целото зеленило на територија на општина Карпош и негова заштита, изградба на нови паркови и зелени површини секаде каде што е изводливо, како и иницијатива за формирање на еко-полиција во соработка со извршната власт – рече Богоев.

Според кандидатот за градоначалник, на овој начин ќе се заштити и ќе се унапреди постојното зеленило и ќе се лоцираат и ќе се казнат загадувачите.