Свет Поништена смртната казна на поранешниот египетски претседател Морси

Поништена смртната казна на поранешниот египетски претседател Морси

Египетскиот апелациски суд денеска ја поништи смртната казна на соборениот претседател на Муслиманско братство, Мохамер Морси, и нареди повторно судење.

Морси е осуден на смрт во јуни 2015 година во врска со масовното бегство од затвор за време на пучот во земјата во 2011 година.

Морси, првиот демократски избран претседател, по бунтот во 2011 година, беше соборен од власт од Абдел Фатах ал Сиси, по масовните протести против неговото владеење. Веднаш беше уапсен по соборувањето и доби долготрајна затворска казна поврзана со други обвиненија, вклучувајќи и два случаи на шпионажа на високорангирани претставници.

Денешната судска пресуда значи дека не му се заканува егзекуција.