Македонија Понеделник – Водици е неработен ден

Понеделник – Водици е неработен ден

Неработен ден за граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија е понеделник, Богојавление (Водици). Тоа е во согласност со Законот за празниците, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Богојавление.