Македонија Понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Понеделник е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека, согласно со Законот за празниците, 25 декември (понеделник), првиот ден на Божиќ, е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.

„Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Македонија им го честита празникот Божиќ“, се вели во соопштението на министерството.