Македонија Полициски контроли за битолчани кои патуваат преку Кичево за Скопје

Полициски контроли за битолчани кои патуваат преку Кичево за Скопје

Полициски понтроли ги проверуваат возилата на битолчани кои преку Кичево патуваат за Скопје на големиот граѓански протест.

Според Васко Ковачевски, лидер на СДСМ во Битола, битолчани кои со автомобили заминале преку Демир Хисар и Кичево за Скопје, биле застанувани од полициски патроли и им биле вршени проверки на возилата.

– Наши граѓани  се пожалија дека кај Демир Хисар, Кичево и кај Гостивар полицијата ги застанувала и им ги проверувала автомобилите и исправноста на сообраќајната и на возачката дозвола. Добар дел од нашите поддржувачи заминаа од таа страна токму поради тоа да не се прави премногу метеж на патот за Скопје преку Плетвар – вели Ковачевски.

Колоната со возила која од Битола тргна  преку Прилеп и Велес веќе е во Скопје, потврдува Ковачевски.