Македонија Полициска акција за откривање лица кои криумчареле мигранти

Полициска акција за откривање лица кои криумчареле мигранти

Од утрово полицијата спроведува голема акција за разбивање криминална група која илегално транспортирала мигранти во кумановскиот регион.

Осомничените криминалци спроведувале поголеми групи мигранти од земјите на Блискиот Исток и на Северна Африка, кои ги преземале од Грција и ги транспортирале до земјите на ЕУ преку територијата на Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи не даваат повеќе информации и посочуваат дека детали за акцијата ќе има во текот на утрешниот ден бидејќи акцијата сè уште трае.

Пред неколку дена слична акција беше организирана во село Ваксинце, каде шверцери барале откуп за мигранти.