Македонија Полициска акција во Универзитетот МИТ во Скопје

Полициска акција во Универзитетот МИТ во Скопје

Полицијата денеска, по наредба на Основното јавно обвинителство, спровела акција во Универзитетот МИТ, поради, како што пренесуваат дел од медиумите, неправилности во работењето.

Од МВР и од обвинителството засега нема официјални информации за акцијата.

Порталот „Прес24“, повикувајќи се на полициски извори, пренесува дека во рамки на акцијата под кодно име „Еразмус 2“, при претресот на станот на сопственичката на Универизитетот МИТ биле пронајдени два индекси од кои еден на турски студент запишан на дентална медицина, за што универзитетот немал дозвола за работа, а во канцелариите на факултетот биле пронајдени и списоци на студенти кои биле запишани на стоматологија и на физиотерапија, за што универзитетот, исто така немал дозвола.