Хроника Полицијата трага по вториот осомничен за пукањето во Тетово

Полицијата трага по вториот осомничен за пукањето во Тетово

Полицијата трага по уште едно лице за кое се сомнева дека учествувало во вооружената пресметка во Тетово, во која почина 22-годишниот  А.А., а повредени беа 11 лица.

Шест лица на возраст од 20 до 25 години добија потешки повреди и се хоспитализирани во Скопје.

Четири други лица се со телесни повреди и ним им е укажана помош во болницата во Тетово. Полицијата трага по уште едно лице, за кое се сомнева дека учествувало во вооружената пресметка.

Полицијата работи за да го расчисти случајот.