Главна секција Полицијата не дозволи протестот да дојде до седиштето на СДСМ

Полицијата не дозволи протестот да дојде до седиштето на СДСМ

Полицијата не ѝ дозволи на групата граѓани насобрани во паркот „Жена-борец“ по повикот на социјалните мрежи, да дојде до седиштето на СДСМ, каде, исто така, има стотина симпатизери на партијата кај кои можат да се забележат и „реквизити“ како дрвени прачки, стапови и факели.

Се очекува наскоро во седиштето на СДСМ да се одржи прес-конференција во врска со денешните настани, во кои нивниот лидер, Зоран Заев, беше осомничен за „обид за недемократско преземање на власта“.