Галерија Полицијата го блокираше приодот кон Владата

Полицијата го блокираше приодот кон Владата

Полицијата денеска не ги пушти демонстрантите да протестираат пред Владата на Република Македонија.

Кордон од специјални единици го блокираше приoдот на раскрсницата помеѓу булеварите Свети Климент Охридски и Илинденска.

На протестите се приклучија и студентите од „Студентски пленум“, но просторот кој им е оставен за протестирање е мал и нема многу простор за движење.

За денеска во 18 часот повторно беше најавен протест пред Владата поради прикривањето на убиството на Мартин Нешковски.

Братот на Нешковски очекува оставки од министерката за внатрешни работи и од премиерот Никола Груевски.

Протести против полициската бруталност се одржуваат и во Битола и во Прилеп.