Македонија Полицајци разубедија човек да не се фрли од скеле на зграда во...

Полицајци разубедија човек да не се фрли од скеле на зграда во центарот на Скопје

Oткако полицајци во цивил го разубедиле и го задржале работникот што сакаше да скокне од скелето на зградата над „Мекиците од стража“, на улицата Македонија, заврши спасувачката драма во строгиот центар на Скопје.

Според сведоците, неколку граѓани се обидувале да го одвратат работникот од намерата да скокне од скелето на четвртиот кат додека не дошла полиција.

Полицајци во цивил за неколку минути се качиле на скелето и го фатиле работникот да не скокне и го симнале долу, од каде, со брза помош, е пренесен во болница.